Дома Топ вести Официјално: Реал го „блиндира“ Иско до 2022 со ОГРОМНА клазула!

Официјално: Реал го „блиндира“ Иско до 2022 со ОГРОМНА клазула!

isco

Фудбалерот од средината на Реал Мадрид, Иско Аларкон, го продолжи договорот со овој клуб на уште пет години, па за клубот од Мадрид ќе настапува барем до 2022 година, освен во случај некој клуб да ја плати неговата клазула.

До такво нешто тешко дека ќе дојде, Реал Мадрид го направи она што се најавуваше веќе подолго време и во договорот на Иско вметна клазула од неверојатни 700 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Акутелниот договор на одличниот фудбалер за врска истекува наредното лето, па шампионот на Европа и Шпанија одлучи да ги зголеми неговите примања, па Иско сега ќе заработува шест милиони евра годишно.

Иско стана „крал“ во 2013 година кога пристигна од Малага и после неколку сезони во кои се бараше себеси, од минатата година доби значајна улога во тимот и сега е еден од најважните фудбалери во тимот на Зинедин Зидан.

До овој момент Иско за Реал Мадрид одигра 130 натпревари и постигна 25 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…