Италијанскиот клуб Рома денес именуваше нов тренер, откако вчера му врачи отказ на Еусебио ди Франческо.
„Волчицата“ не беше задоволна од резултатите во Серија А оваа сезона, а после емиминацијата од Лигата на шампиони реши да ја прекине соработката со Ди Франческо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рома денес и официјално потврди дека за нов тренер е именуван 67-годишниот стратег Клаудио Раниери, на кого ова ќе му биде втор мандат на клупата на „волчицата“.
„Воодушевен сум што можеме да објавиме дека Раниери е наш нов тренер. Целта е Рома сезоната да ја заврши во Топ 4 и да избориме пласман во Лигата на шампиони. Знаеме дека Раниери може да го извлечи максимумот од играчите“, изјави претседателот Џејмс Палота.
Рома моментно се наоѓа на петтото место на табелата со 44 бода, три помалку во однос на четвртопласираниот Интер.
Раниери експресно најде нов ангажман откако на 28 февруари беше отпуштен од Фулам.
„Среќен сум што се враќан дома. На Рома не можев да и кажам не“, изјави искусниот стратег.
#Roma, UFFICIALE: torna #Ranieri https://t.co/GcEDXxVrqe pic.twitter.com/X751Hfjcqe
— calciomercato.com (@cmdotcom) March 8, 2019