После серијата на лоши резултати раководството на премиерлигашот Фулам реши да му даде отказ на италијанскиот стартег, Клаудио Раниери.
Ова е втора тренерска смена за Фулам од почетокот на сезоната. Раниери дојде на местото на Славиша Јокановиќ со цел да го спаси тимот од испаѓање, но тимот е во серија на лоши резултати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со вчерашниот пораз од Саутемптон, Фулам со една нога е веќе во втората лига, бидејќи на 10 кола до крајот заостануваат цели 10 бода од првиот тим над „линијата“.
„После денешниотс состанок, Клаудио Раниери се сложи со мене дека разделбата е најдобра за двете страни. Неговата работа во клубот не се заврши така како што очекувавме кога го избравме во ноември. Сепак, сигирен сум дека не е единствениот виновник за ситуацијата во која се наоѓаме“, изјави претседателот на клубот од „Кревин Котиџ“.
Фулам под водство на Раниери одигра 16 меча во Премиер лигата на кои освои само 12 бода.
На клупата како привремено решение ќе биде назначен Скот Паркер, кој се наоѓа пред „невозможна мисија“ да го спаси тимот од испаѓање.
„Јасно е дека сум разочаран од резултатите во последно време. Жалам што вака се заврши, не успеавме да се подигнеме после добриот почеток кога дојдов во клубот“, прокоментира Раниери.
BREAKING: Claudio Ranieri has been sacked as manager of Fulham. Scott Parker has been appointed caretaker manager. (Source: @FulhamFC) pic.twitter.com/6R60M0v66M
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 28, 2019