Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Рамадани го комплетираше трансферот во Динамо Киев

Официјално: Рамадани го комплетираше трансферот во Динамо Киев

19-годишен фудбалер на Шкендија, Решат Рамадани го комплетираше трансферот во Динамо Киев.

Македонскиот младински репрезентативец ќе потпише петгодишен договор со најтрофејниот украински клуб.

Шкендија го потврди трансферот, но не и сума која ја доби, а ќе има право и на дополнителни 15% од потенцијалниот следен трансфер на фудбалерот.

Рамадани во тековната сезона играше 15 натпревари за тетовските „црвено-црни“, а сега кариерата ќе ја гради во Динамо Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…