Дома Фудбал Англија Официјално: Премиер лигата склучи рекорден договор

Официјално: Премиер лигата склучи рекорден договор

Англиската Премиер лига официјално го објави договорот со американската компанија „Ен-Би-Си“ за пренос на натпревари од Премиер лигата во САД.

Договорот е за следните шест години и е вреден 2 милијарди долари, што е повеќе од двојно повеќе од претходниот договор со истата компанија, кој беше вреден 740 милиони фунти.

Тоа е рекорден договор за Премиер лигата, а „Ен-Би-Си“ го доби дуелот со „Си-Би-Ес“ и „ЕСПН“ и ќе прикажува 380 натпревари по сезона.

Сметките покажуваат дека сите приходи од телевизиските права ќе достигнат 10 милијарди фунти за периодот 2022-2025 година, што значи дека англиските клубови ќе бидат уште побогати во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем пресврт во Реал Мадрид: Мурињо го сопре заминувањето на играчот кој веќе беше отпишан

Завршницата на преодниот рок може да донесе неколку изненадувања, а едно од најголемите е …