Дома Фудбал Италија Официјално: Пиоли доби отказ од Милан!

Официјално: Пиоли доби отказ од Милан!

Се најавуваше дека Стефано Пиоли ја одработува последната сезона на клупата на Милан, а сега тоа и официјално е потврдено.

Договорот на Пиоли со Милан беше до јуни 2025 година, меѓутоа двете страни сега одлучија дека е време за разделба. На клупата на Милан Пиоли пристигна во октомври 2019 година како привремено решение, но по добрите резултати доби долгорочен договор.

Во сезоната 2021/2022 успеа да на Милан да му го донесе и Скудетото на кое клубот чекаше цели 11 сезони.

Засега се уште не е потврдено кој ќе биде новиот тренер на „росонерите“, но за најголем фаворит важи Пауло Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зидан збесна по голот за победа на Франција, за малку ќе се повредеше (Видео)

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, не можеше да ја сокрие радоста откако Мајкл Олисе п…