Попладнево Манчестер Јунајтед потврди дека младиот талентиран фудбалер, Алехандро Гарначо потпишал нов договор со важност до јуни 2028 година.
Гарначо има само 18 години и за Манчестер Јунајтед собра 31 настап, па клубот не се двоумеше да му понуди нов договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Со задоволство можеме да соопштиме дека Алеахандро Гарначо потпиша нов договор и ќе остане во клубот до 30-ти јуни 2028 година“, објавија „ѓаволите“.
Младиот фудбалер е пресреќен што има прилика да игра за Манчестер Јунајтед.
„Кога дојдов тука сонував да дебитирам, да играм на „Олд Трафорд, да постигнам гол…Многу сум горд и полн со емоции бидејќи овие моменти веќе ги искусив заедно со семејството кое ми даде поддршка“, изјави Гарначо.