Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Израел кој требаше да се игра денеска е откажан поради позитивни случаи на ковид-19 во редовите на противникот.
Денешниот натпревар требаше да биде последна контрола пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако вчера го совладавме Израел со 32:28.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тројца позитивни ракометари во репрезентацијата на Израел натпреварот официјално беше откажан.
Македонските ракометари ќе тренираат во Скопје до 10 јануари, а веќе на 11-ти заминуваат за Дебрецин, Унгарија. Првиот натпревар го играме против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна ќе ги одмериме силите со Црна Гора, додека во последниот натпревар од Групата А ќе играме со фаворитот Данска.