EХФ и официјално ги објави протоколите за Европското првенство 2022 година кое ќе се одржи во јануари 2022 година.
Како и што се најавуваше, сега е потврдено дека на овој турнир ќе можат да учествуваат само вакцинирани ракометари и ракометари кои го прележале вирусот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај тоа на секои два дена на ракометарите ќе им се прават ПЦР тестови, а организацијата нема да биде „балон систем“. Ова значи дека ракометарите и тренерите ќе можат да го напуштаат хотелот за време на натпреварувањето.
Во случај некој ракометар да биде позитивен тој ќе оди во самоизолација. На остатокот од репрезентацијата ќе се прават дополнителни тестирања и доколку останатите добијат негативни тестови ќе можат да го продолжат натпреварувањето.