Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски потпишаа договор за соработка за изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини Извори“.
Овој проект е дел од активностите на ФФМ за подобрување на инфраструктурата во Македонија со поддршка од УЕФА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според проектот трибината ќе има капацитет од 1480 седишта, предвидено е да има и коментаторска кабина, како и простор за ТВ камери. Во долниот дел на трибината предвидено е да има административни простории, соблекувални, соба за допинг контрола и лекарски прегледи, просторија за официјални лица…
“Инфраструктурата е тоа што ќе остане, верувам дека тој начин на размислување и делување во вистинска смисла го сфаќаат сите кои се вклучени во оваа работа. Благодарност до администрацијата во општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески за довербата и поддршата во овој проект и се надевам дека нашиот однос само ќе го унапредуваме. Искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА. Наша единствена цел со ваквиот тип на проекти е да овозможиме услови какви што заслужуваат тимовите, гледачите и репрезентацијата“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.