Дома Фудбал Официјално: Наполи се пофали на Твитер – доби многу важен потпис!

Официјално: Наполи се пофали на Твитер – доби многу важен потпис!

Еден од најважните фудбалери од одбранта на Наполи – левиот бек Фаузи Гулам денес стави потпис на нов договор.

Алжирскиот репрезентативец со новиот договор се обврза на верност кон Наполи до 2022 година, потврди денес италијанскиот клуб.

Според неофицијални информации годишната плата на фудбалерот ќе изнесува 3 милиони евра плус бонуси, а во договорот има и откупна клаузула која изнесува 35 милиони евра, која важи само за италијанските клубови.

26-годишниот Гулам во моментов се рехабилитира од повредата на коленото, а е член на Наполи од 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…