Дома Фудбал Официјално: Мане ќе биде дел од Светското првенство

Официјално: Мане ќе биде дел од Светското првенство

Најголемата сенегалска фудбалска ѕвезда, Садио Мане, ќе биде дел од репрезентацијата на претстојното Светско првенство во Катар.

Селекторот Алиу Сисе ги расчисти сите дилеми околу Мане и го вметна напаѓачот во официјалниот список на повикани фудбалер за Светското првенство.

Тоа значи дека Сенегалците веруваат во опоравувањето на својата прва ѕвезда, но не е јасно кога Мане ќе биде спремен за игра.

Првиот натпревар за Сенегал е на 21 ноември, со Холандија и Мане сигурно нема да може да игра. Олекувањата се дека ќе биде спремен за вториот меч, кој е на програмата на 25 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…