Македонската фудбалска репрезентација и гостува на Германија во рамките на квалификациите за Светското првенство на 31-ви март.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поради здравствените мерки од германската влада, постоеше можност за одигрување на натпреварот во Букурешт или Будимпешта, меѓутоа мечот сепак ќе се игра во Германија.
Денес пристигна официјално известување од Германската фудбалска федерација дека натпреварот ќе се игра на „МСВ Арената“ во Дуисбург.
Македонија првиот натпревар од квалификациите за СП ќе го одигра на гости кај Романија (25 март), а потоа против Лихтенштајн во Скопје (28 март).