Дома Топ вести Официјално: Лука Јовиќ доби кривична пријава!

Официјално: Лука Јовиќ доби кривична пријава!

Министерството за внатрешни работи на Србија и официјално отвори кривична пријава за ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

Јовиќ пред неколку недели ги прекрши правилата за самоизолација. Напаѓачот на Реал се врати во Србија за да биде својата партнерка Софија Молошевиќ и место да седи во својот дом Јовиќ бил забележан како се шета низ градот и бара поклон за неговиот роденден.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ја прекршив самозиолацијата затоа што не бев упатен со правилата. Знам дека тешко ќе поверувате, но така е. Во земјата од која доаѓам, па дури и во Италија колку што можеме да видиме на интернет на сите луѓе кои се во карантин им е дозволено да фрлат ѓубре еднаш дневно, да одат до аптека или продавница. Поради тоа помислив дека такви се правилата и кај нас“, се правдаше тогаш Јовиќ.

Ситуацијата се смири, но Јовиќ ќе мора да се појави пред судот поради кршење на правилата. Ќе потсетиме, неодамна Александар Пријовиќ беше осуден на куќен притвор од три месеци поради кршење на полицискиот час.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Поради вакви работи фудбалот е посебен: По 110 години повторно го освоија купот во својата земја!

Екипата на Ројал Унион третпат во својата историја успеа да го освои Купот на Белгија, но …