Како и што се очекуваше на ждрепката во Лигата на шампионите наградите за најдобри во минатата сезона ги собираат фудбалерите на актуелниот освојувач Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кејлор Навас прво беше избран за најдобар голман во Европа, потоа капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос ја однесе наградата за најдобар дефанзивец, па дојде редот за најдобар играч за врска.
Тука немаше никакви дилеми, наградата за најдобар играч од средниот ред ја однесе Лука Модриќ.
Ќе потсетиме, Хрватот на Мундијалот беше избран и за најдобар играч на турнирот, покрај тоа е во конкуренција и за најдобар играч во Европа заедно со Мохамед Салах и Кристиано Роналдо.