Дома Фудбал Италија Официјално: Кјелини ги пропушта Аргентина и Англија

Официјално: Кјелини ги пропушта Аргентина и Англија

Џорџо Кјелини ќе ги пропушти следните два натпревари со репрезентацијата на Италија против Англија и Аргентина, со оглед на тоа дека закрепнува по повредата која ја заработи играјќи во дресот на Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа објава на италијанскиот сојуз стигна бидејќи е пренесено во медиумите дека е под знак прашање за следните два меча на репрезентацијата, како и за дуелот во ЛШ против Реал Мадрид.

В.д. селекторот на Италија, го замени Кјелини во тимот со фудбалерот на Вест Хем, Анџело Огбона.

Натпреварот на Италија со Аргентина на програмата е на 23. март во Манчестер, а четири дена подоцна Аѕурите ќе се соочат со Англија на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…