Дома Фудбал Италија Официјално: Киево казнет со одземање на три бода, ќе платат и парична казна

Официјално: Киево казнет со одземање на три бода, ќе платат и парична казна

chievo

Вчера во медиумите се појавија најавите за жестока казна поради финансиски малверзации на италијанскиот прволигаш Киево, според најавите може да се каже и дека популарните „летечки магариња“ добро поминаа.

Имено, најавите беа дека Киево во актуелната сезона може да се соочи со одземање на дури 15 бодови што ќе значеше веројатно и преслба во Серија Б наредната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, тие поминаа само со одземање на три бода и парична казна во износ од 200.000 евра.

Клубот е казнет поради лажирањето на документи од страна на управата. Поточно, раководството на клубот пријавувало многу повисоки плати на фудбалерите од реалните со цел да се зголеми вредноста на клубот.

Претседателот на управниот одбор на клубот, Лука Кампедели е казнет со суспензија од три месеци, а по еден месец суспензија заработија и четворица советници во клубот.

Во овој момент Киево е последен на табелата после три одиграни кола со еден освоен бод, одземањето на три бода ќе значи дека сезоната ќе ја продолжат со -2 бода и гол разлика од три постигнати и девет примени погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Марка: Барселона потпишува мега-договор. Тоа ќе и донесе најмалку 1,3 милијарди евра

БАРСЕЛОНА наскоро би требало да потпише договор со Најк вреден повеќе од една милијарда ев…