Искусниот играч Антониот Кандрева и официјално ја засили Сампдорија.
Поранешниот италијански репрезентативец после четири години го напушти Интер, а во Сампдорија ќе игра како позајмен играч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако нема информации за детали од трансферот, италијанските медиуми пренесуваат дека Сампдорија на Интер платила три милиони евра за едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот по крајот на сезоната.
Во претходната сезона одигра 40 натпревари за Интер, постигна седум погодоци и запиша девет асистенции.
Во досегашната кариера помеѓу останатите настапуваше за Лацио, Јувентус, Парма и Удинесе.