Дома Останати Ракомет Официјално: Еден од најдобрите ракометари на Веспрем се враќа во Данска!

Официјално: Еден од најдобрите ракометари на Веспрем се враќа во Данска!

Данскиот репрезентативец, Расмус Лауге Шмит од следната сезона се враќа во татковината.

Лауге ќе го носи дресот на Бјерингбро Силкеборг во летото 2023 година, една година пред истекот на договорот со Веспрем. Трансферот денес беше потвден.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Плејмејкерот и Силкеборг потпишаа соработка на пет сезони, до 2028 година. Ова веројатно значи дека планот на Лауге во матичниот клуб да стави крај на кариерата.

Шпекулациите во медиумите говорат дека Алборг кој гради вистински дрим-тим се обидел да го доведе Лауге, но сепак тој на крајот се одлучил да се врати во клубот во кој ја започна професионалната кариера.

Во редвоите на Силкеборг Лауге настапуваше четири години, од 2009 до 2013 година, потоа направи трансфер во Бунсеслигата каде што го носеше дресот на Кил и Фленсбург. Од 2019 година е член на Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното ЕП

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противници…