Евертон денес потврди дека Шон Дајч е нивниот нов менаџер.
Дајч потпиша договор со „Карамелите“ на две и пол години, до јуни 2025 година, а првиот меч во кој ќе го води тимот ќе биде против лидерот во шампионатот Арсенал на „Гудисон“ на 4 февруари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Чест е да се биде менаџер на Евертон. Јас и моите соработници сме навистина решени да му помогнеме на овој голем клуб да се врати на вистинскиот пат. Добро знаеме какви навивачи има Евертон и колку им значи клубот. Подготвени сме да работиме за да им го дадеме тоа што го сакаат“, рече Дајч.
Дајч мина речиси една деценија во Барнли, сега првата цел ќе му биде да го спаси тимот од испаѓање. Евертон по 20 натпревари е претпоследен тим на табелата со само 15 бода.