Toa што во претходните денови и се најавуваше сега доби официјална потврда, Густаво Појет е нов селектор на Грција.
Појет со грчката федерација потпиша договор до 2023 година со можност соработката да продолжи во зависност од резултатите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чест ми е што ќе бидам селектор на Грција. Доаѓам во преубава земја со богата историја. Грција го освои Европското првенство во 2004 година и играше на големи натпреварувања, токму на тој пат сакаме да ја вратиме“, изјави Појет.
За разлика од минатото Грција веќе подолго време нема успех во квалификациите за европските и светските првенства.