Атлетико Мадрид и официјално објави дека Антоан Гризман повеќе не е на позајмица од Барселона, Французинот потпиша до 2026 година.
Претходно Гризман беше на позајмица која истекуваше следното лето и предизвика големи контроверзии поради клаузулата во договорот меѓу двата клуба според која Атлетико мораше да и плати на Барселона голема сума пари за минутажата на Гризман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Затоа Диего Симеоне го користеше исклучиво после 60-та минути од секој натпревар, но Французинот возврати со три гола и две асистенции.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, воопшто не го сакаше Гризман во тимот. Беше далеку од очекувањата, но и плата која беше проблем за каталонскиот клуб и го оптоваруваше буџетот. Атлетико за Гризман плати 20 миилиони евра, а Барселона ќе заработи и дел од парите ако клубот во иднина го продаде Гризман за повеќе од 40 милиони евра.
Accord avec le FC Barcelone pour le transfert d’@AntoGriezmann. L'international français a signé un nouveau contrat avec notre club jusqu'en 2026. pic.twitter.com/TTFPFU7aKU
— Atlético de Madrid (@AtletiFR) October 10, 2022