Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Вардар доведе конкуренција на Дибиров

Официјално: Вардар доведе конкуренција на Дибиров

Младиот репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски (21) од денес е нов ракметар на Вардар.

Ракометарот кој игра на левата крилна позиција потпиша договор на две години со „црвено-црините“. Димитриоски во наредната сезона ќе биде конкуренција на Тимур Дибиров.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со 21 година тој веќе има искуство во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Доби место и во репрезентацијата за која играше во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Оваа сезона со Металург го освои Купот на Македонија каде што во финалето го победи токму Вардар.

„Секогаш сме сакале мнлади и преспективни ракметари. Сакаме да им дадеме шанса на ракометарите да го покажат својот квалитет. Негова најголема предност е младоста, очекуваме да игра со истата посветеност како што играше и досега. Се надеваме ќе ја искористи шансата која Вардар му ја дава“, изјави извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…