Дома Фудбал Официјално: Варан потпиша за клубот на Сеск Фабрегас

Официјално: Варан потпиша за клубот на Сеск Фабрегас

Францускиот стопер Рафаел Варан (31) официјално е претставен како нов играч на новиот италијански прволигаш Комо.

Варан летово го напушти англискиот гигант Манчестер Јунајтед и оттогаш е во потрага по нов клуб. Во Комо пристигна како слободен играч без обештетување.

Според информациите на Фабрицио Романо, Варан се согласил да дојде во Комо и одбил побогати понуди од Саудиска Арабија.

Причината е што сака да игра под водство на шпанскиот тренер Сеск Фабрегас, кој играчката кариера ја заврши во Комо, а потоа седна на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…