Дома Фудбал Официјално: Барселона се збогува со Маскерано!

Официјално: Барселона се збогува со Маскерано!

После осум години поминати со дресот на Барселона, Хавиер Маскерано го напушта клубот, потврдија денес и официјално Каталонците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Маскерано кариерата ќе ја продолжи во Кина, иако Барса денес тоа не го потври, туку само најави збогување со Аргентинецот.

Имено, утре во 11 часот на „Камп Ноу“ ќе има специјална церемонија на која ќе биде испратен Маскерано. Ќе присуствуваат сите фудбалери како и претседателот Жозеп Марија Бартомеу.

Бившиот играч на Ливерпул пристигна во Барселоба летото 2010 година и до денес одигра 334 натпревари, притоа освојувајќи 18 трофеи со пет различни тренери.

Од сите странци во историјата на клубот само Лео Меси, Филип Коку и Дани Алвеш имаат повеќе натпревари со каталонскиот дрес од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина на колена: Шпанија е нов светски шампион (Видео)

Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и стана нов светски шампион по 120 минути игра. Како П…