Поранешниот голман Виктор Валдес неодамна беше избран за тренер на јуниорскиот тим на Барселона, но не се задржа многу на оваа функција.
Валдес по завршувањето на играчката кариера одлучи да се посвети на тренерската работа, а Барселона му пружи прилика да се докаже на местото тренер на јуниорскиот тим. Меѓутоа, само три месеци подоцна каталонскиот клуб објави дека Валдес повеќе не е тренер на овој тим. Имено, Барселона денеска соопшти дека Валдес добил отказ и на неговото место привремено ќе биде Артиг Франк кој го водеше тимот на Јувентил Б.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Валдес по доаѓањето на клупата на овој тим направи неколку скандали поради што доби отказ. Неодамна се пожали дека екипата не игра на новоизградениот стадион „Јохан Кројф“, кој беше направен за овој тим, а подоцна се скара и со Патрик Клајверт. Поради тоа клубот му врачи отказ и сега Валдес е без работа.