Дома Фудбал ОФИЦИЈАЛНО: Барселона го договори вечерва и второто засилување

ОФИЦИЈАЛНО: Барселона го договори вечерва и второто засилување

valverde

Фудбалскиот клуб Барселона, вечерва реализираше уште еден трансфер во јануарскиот преоден рок.

Како што потврдија каталонските медиуми, Колумбиецот, Јери Мина утре ќе допатува во Барселона на лекарски прегледи и потпишување на договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона за пристигнувањето на високиот стопер ќе плати 11,5 милиони евра и така ќе го донесе шест месеци пред предвидениот рок, односно по СП во Русија како што беше и првичниот план.

Мина во вторник попладне ќе пристигне во Барселона, во вечерните часови би требало да позира во тренинг центарот, како и Кутињо, а потоа во среда да ги направи лекарските прегледи и да биде претставен како ново засилување на екипата на Ернесто Валверде.

Мина има 23 години, репрезентативец е на Колумбија, а со Барселона ќе потпише договор на пет и пол години.

Тој ќе има жестока конкуренција, бидејќи во прв план се Џерар Пике и Самјуел Умтити, како и препородениот Томас Вермален.

Инаку, со неговото пристигнување, јасно е заминувањето на Хавиер Маскерано во Кина, кое уште од претходно е познато. Токму неговиот дрес со бројот 14 ќе го наследи Филипе Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт: Модриќ става потпис на нов договор

Иако се очекуваше ова да биде последната сезона на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, с…