Баерн Минхен утрово го промовираше и првото засилување за новата сезона, станува збор за фудбалерот од средниот Конард Лајмер.
Од претходно беше најавено дека Лајмер од Лајпциг се сели во Минхен, а утрово се е официјално завршено. Во Баерн Лајмер пристигнува без оштета како слободен фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Конард Лајмер потпиша договор до 30-ти јуни 2027, 26-годишниот фудбалер пристигнува во слободен трансфер од освојувачот на Купот, Лајпциг“, објави Баерн.
Нема соменвање дека ова е само почеток на промените во Баерн по турбулентната сезона во која тимот иако ја освои Бундеслигата се соочи со многу проблеми.
Herzlich willkommen in München, Konrad #Laimer! ✍️🔴⚪ #ServusKonrad#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/f6SHAz8lMf
— FC Bayern München (@FCBayern) June 9, 2023