Дома Фудбал Лига на шампиони Официјални состави: Реал без Куртоа, Рома со дебитант!

Официјални состави: Реал без Куртоа, Рома со дебитант!

Вечерва се играат натпреварите од првото коло во Лигата на шампиони, а еден од најинтересните натпревари се игра во Мадрид, каде Реал ја пречекува Рома.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот шампион трката за одбрана на титулата ќе ја започне против минатогодишниот полуфиналист, а тренерот Лопетеги го изведе на терен најсилниот тим.

Од друга страна Ди Франческо направи големо изненадување и во стартниот тим го стави 19-годошниот Николо Заниоло, кој ова лето пристина од редовите на Интер и се уште нема официјален меч во сениорска конкуренција.

Официјални состави:

Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Каземиро, Модриќ, Крос, Иско, Бензема, Бејл.

Рома: Олсен, Флоренци, Манолас, Фацио, Коларов, Нзонзи, Де Роси, Заниоло, Ел Шарави, Ундер, Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во Индија отстранета огромна статуа од Меси висока 20 метри (Видео)

Импресивна статуа на аргентинската фудбалска ѕвезда Лео Меси, висока 20 метри, беше отстра…