Дома Фудбал Лига на шампиони Официјални состави: Младиот Бајчетиќ стартува против Реал!

Официјални состави: Младиот Бајчетиќ стартува против Реал!

Вечерва во Лигата на шампионите не чекаат два натпревари кои можат да бидат и тоа како интересни, сепак поголемо внимание привлекува средбата Ливерпул – Реал Мадрид.

Овој натпревар е реприза на минатогодишното финале во Лигата на шампионите, а сега и двете екипи го дочекуваат во не баш најдобар момент. Ливерпул е осми во Премиер лигата, додека Реал заостанува осум бода за Барселона во Ла Лига.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти за вечерва не можеше да смета на Чуамени и Крос, додека кај Ливерпул неизвесен беше Дарвин Нуњез кој на крајот сепак се најде во почетниот состав. За издвојување е и што Клоп му даде шанса од првата минута на младиот Бајчетиќ.

ЛИВЕРПУЛ:  Алисон; Арнолд, Гомез, Ван Дајк, Робертсон; Хендерсон, Фабињо, Бајчетиќ; Салах, Нуњез, Гакпо. 

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа; Алаба, Рудигер, Милитао, Карвахал; Модриќ, Камавинга, Валверде; Винициус, Бензема, Родриго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…