Вечерва на стадионот „Ванда Метрополитано“ се игра еден од најинтересните дуели во осминафиналето од Лигата на шампиони помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Диего Симеоне изненади со стартниот состав, каде наместо Мората од првата минута на теренот ќе истрча опоравениот Диего Коста.
Алегри пак се одлучи на десната бековска позиција да излезе со Де Шиљо наместо со Кансело.
Официјални состави:
Атлетико Мадрид: Облак, Хуанфран, Хименес, Годин, Филипе Луис, Саул, Томас, Родри, Коке, Гризман, Диего Коста.
Јувентус: Шчешни, Де Шиљо, Бонучи, Киелини, Алекс Сандро, Бентанкур, Пјаниќ, Мауиди, Дибала, Роналдо, Манџукиќ.