Јувентус и Атлетико Мадрид вечерва ќе ги одмерат силите во реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Бјанконерите“ треба да бркаат негатива од два гола, а тренерот Алегри изненади и во стартниот тим го стави „анонимецот“ Спинацола.
Левиот бек Спинацола само еднаш беше стартер оваа сезона, но Алегри беше принуден да го стави во стартниот тим бидејќи Алекс Сандро е суспендиран, а Де Шиљо и Квадрадо се повредени.
Во тимот на Симеоне нема изненадувања и резултатот ќе го брани со најдобрите единаесет кои ги има на располагање.
