Дома Топ вести Откри генералниот директор на Барселона: Клубот во март бил пред стечај!

Откри генералниот директор на Барселона: Клубот во март бил пред стечај!

Феран Ревертер, генералниот директор во Барселона откри дека каталонскиот гигантво март оваа година бил пред банкрот и стечај, успеале во последен момент да го избегнат најцрното сценарио.

Вчера беа објавени финансиските податоци во Барселона и според нив клубот има долг од 1.136 милијарди евра од нив 533 милиони се долг кон банки за кредити. Во последната фискална сезона загубата е скоро пола милијарда, 481 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Оваа година во март бевме пред стечај, пред банкрот! За среќа успеавме да се избориме да го рефинансираме долгот и да го избегнеме непосакуваното сценарио. По направената ревизија од сезоната 2018/2019 до 31 март оваа година откривме дека клубот имал катастрофално лоша управа. Никој не се запрашувал кога се носеле играчи и се давале плати дали буџетот тоа може да го покрие. Кога потпишале со сфатиле дека немаат пари да го исплатат, па морале да позајмуваат од фондови“, изјави Ревертер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Меси нема дилеми која е новата ѕвезда на Барселона: Тој е сегашност и иднина!

Лионел Меси веќе години е далеку од Барселона, но засекогаш ќе биде поврзуван со овој клуб…