Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги побара сите снимки и аудио записи од синоќешниот спорент момент на натпреварот против Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од таборот на Барселона обвинуваат дека не им признат гол при резултат 1-1, кога судиите не можеа да проценат дали топата со целиот свој обем ја минала гол-линијата.
Шпанските медиуми ја пренесоа конверзацијата на судијата Цезар Сото Градо и ВАР за целата спорна ситуација:
Сото Градо: „За мене таа топка не е во гол.“
ВАР: „Ајде да погледнеме, чекај малку, не им давај да го изведат корнерот.“
Сото Градо: „Чекам. Не, нема гол-технологија. Чекам. Чекам на ВАР. Можеби беше гол. Гледаат. Не, немаме гол-технологија.“
ВАР: „Серџо сопри во моментот кога топката удира во рацете на Лунин и тргни од тука. Чекај секунда, правиме триангулација бидејќи немаме снимка.“
Сото Градо: „Се уште не знаеме.“
ВАР: „Овој играч го покрива телото на Лунин, во ред? Чекај малку. Се уште бараме доказ. Оваа снимка не е добра, ниту оваа, ниту овој агол не е добар, не се гледа ни тука. Следниот. Ништо и од тоа, ниту ова не е добро.“
Сото Градо: „Без брзање, ова е многу важна одлука, без брзање, погледнете ги сите камери.“
ВАР: „Немаме веќе камери. Можеме да потврдиме дека немаме други камери.“
Сото Градо: „Ние не се брзаме. Можеме да чекаме. Најдобро да чекаме.“
ВАР: „Цесар, одиме со корнерот, немаме доказ дека топката влезе во голот, затоа одиме со корнерот. Нема доказ дека топка влезе во голот. Корнер.“