Дома Топ вести Откриен планот на Перез: Дибала ќе биде „реаловиот Меси“

Откриен планот на Перез: Дибала ќе биде „реаловиот Меси“

Фудбалските експерти и тренери ширум светот во Пауло Дибала го гледаат новиот Лео Меси, па тоа го натера претседателот на Реал, Флорентино Перез да го постави Аргентинецот на врвот на листата желби.

Дибала игра фанастично во дресот на Јувентус, има само 21 година, а неодамна Карло Анчелоти и Диего Симеоне изјавија дека тој е единствениот легитимен наследник на Лео Меси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа Перез сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“ и да направи трио од соништата заедно со Роналдо и Бејл, што ќе биде одговор на фантастичното трио на Барса, МСН.

Притоа, Перез со реализација на овој трансфер ќе и го возврати „шамарот“ на Барса која пред три години практично го „украде“ Нејмар пред носот на Реал. Не е тајна дека Каталонците го сакаат Дибала и дека ова лето се обидоа да го донесат на „Камп Ноу“.

Проблемот за „кралевите“ е што Аргентинецот наскоро ќе потпише нов договор со Јувентус, и италијанскиот клуб не сака да слушне за негова продажба.

Сепак, кога станува збор за Реал се е можно, минатото покажа дека тие играчи кои Перез сака да го купи – ги купува!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …