Вчера Интер во дербито на вечерта во Лигата на шампионите имаше предност против Барселона на полувремето од 0:1, сепак на крајот Барселона победи со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси вчера беше стартер не одигра кој знае каков натпревар, но му асистираше на Суарез во финишот за победничкиот гол.
Меѓутоа Меси бил активен и на паузата на полувремето. Шпанските медиуми сега откриваат што Аргентинецот им кажал на своите соиграчи во соблекувалната.
„Да играме сериозно момци. Само ќе ги притиснеме посилно, како и секогаш“, на тоа се надворзале Пике и Суарез кои порачале дека мораат да извршат пресинг како тим.
Таквиот совет очигледно им помогнал на неговите соиграчи, а посебно инспириран во вториот дле беше Суарез кој ги постигна двата гола за Каталонците.