Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез ова лето потпиша за Евертон каде што пристигна од Реал Мадрид.
Хамес со Евертон потпиша договор на две години и уште на почетокот од сезоната се покажа како одлично засилување. Колумбиецот во Премиер лигата за Евертон одигра шест натпревари и оствари учинок од три гола и три асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина беа изненадени кога Хамес се одлучи да потпише за Евертон, меѓутоа тој негов потег се покажа како вистински. Претходно неговото име се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но од тој трансфер на крајот не се случи ништо.
Англиските медиуми открија дека Хамес неколку месеци бил во контакт со „црвените ѓаволи“ и работата одела во добра насока. На крајот Јунајтед се откажал и тој заврши во Евертон. Според информациите кои денес се објавени раководството на клубот од „Олд Трафорд“ се откажало од Хамес затоа што не верувале дека тој би се вклопил во Премиер лигата.
Дека погрешиле јасно може да се види по првите настапи на Хамес за Евертон.