Дома Фудбал Италија Откриено: Бонучи не играл против Монца поради изјава во медиумите

Откриено: Бонучи не играл против Монца поради изјава во медиумите

Веројатно ако се прашуваат навивачите на Јувентус новата сезона може веднаш да заврши.

Причината секако е катастрофалниот старт на клубот од Торино. „Старата дама“ се наоѓа на осмата позиција во Серија А, а за викендот беше поразена од Монца за која тоа беше прва победа во сезоната и пред тој натпревар се наоѓаше на последното место на табелата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите се незадовлни, го критикуваат Алегри (најмногу), потоа Влаховиќ, Бонучи, раководството…Забележителна беше ситуацијата со Бонучи кој не одигра ниту една минута против Монца.

После тој натпревар помошникот на Алегри изјави дека Бонучи бил изоставен поради технички причини. Сепак, медиумите во Италија сега објавуваат нешто друго. Наводно, Алегри го изоставил Бонучи како казна за неговата изјава после поразот од Бенфика во Лигата на шампионите.

„Се грижам. Ме загрижува ситуацијата во која се наоѓаме. Нема смисла да се зборува дека работите се добри кога очигледно е дека не е така. Ја губиме нашата игра во секој натпревар. Не знам зошто тоа се случува, но тоа е она што ме загрижува најмногу, дури и повеќе од лошите резултати“, изјави тогаш Бонучи.

Јасно е дека со оваа изјава алудираше на проблеми кој треба да ги реши тренерот, па така италијанскиот стратег реагирал веднаш покажувајќи кој е „главен“. Инаку како што споменавме и Бонучи е мета на критики кај навивачите, повеќе за тоа можете да прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…