Дома Топ вести Откриени нови детали од раздорот во соблекувалната: „Кралевите“ се поделени во три групи

Откриени нови детали од раздорот во соблекувалната: „Кралевите“ се поделени во три групи

За тензиите во соблекувалната на Реал Мадрид медиумите пишуваа уште од порано, но сега во јавност излегоа нови детали од новодната расправија помеѓу капитенот Серхио Рамос и првата ѕвезда Кристиано Роналдо.

„Диарио Гол“ тврди дека односот помеѓу Роналдо и Рамос повеќе не е ни приближно онаков како што беше некогаш и дека капитенот со сите сили се обидува да стекне статус на највлијателен играч во соблекувалната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите откриваат дека соблекувалната е поделена во три фракции, онаа на Роналдо на чија страна се Марсело, Каземиро, Навас, Карим Бензема и Рафаел Варан, а до пред неколку месеци биле и Пепе, Хамес Родригез и Коенрао.

Другата е шпанска фракција која покрај капитенот Рамос ја сочинунаат и Лукас Васкез, Начо, Иско, Асенсио, Тео Хернандез, Маркос Љоренте, Себаљос и Карвахал, додека во последната и најмала група се Лука Модриќ, Крос, Бејл и Ковачиќ.

„Диарио Гол“ пренесува дека Рамос сака да осигура превласт во соблекувалната така што ќе ја придобие групата на Лука Модриќ. Наводно капитенот организирал вечера на која ги повикал Иско, Асенсио и Модриќ и притоа му прижил поддршка на Хрватот.

Колку во сите ова има вистина е големо прашање, но факт е дека работите во соблекувалната на Реал се далеку од идеални што покажува и лошата форма на „кралевите“ оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…