Иако се пишуваше дека Реал Мадрид за Еден Азар платил 100 милиони евра новите информации говорат дека на тој трансфер „кралевите“ потрошиле дури 160 милиони евра.
Белгиските медиуми со помош на нисколигашот од оваа земја Тубизе дојдоа до заклучок дека трансферот изнесувал многу повеќе отколку што било објавено. Тубизе имаше право 0.5% од трансферот на Азар затоа што Азар бил нивни член кога имал 12 и 13 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тубизе од трансферот добил 800.000 евра што значи дека Реал на Челзи не му платил 100 милиони евра, туку 160 милиони евра.
Ова значи и дека Азар е најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид. Герет Бејл Реал го плати 101 милиони евра, а на третата позиција е трансферот на Роналдо од 94 милиони евра.
Кога ќе се погледне учинокот на Азар споредено со парите тој е очаен. Азар постигна само еден гол на 22 натпревари и дефинитивно не ги оправда очекувањата.