Дома Фудбал Останато Откриени личните услови: Вернер ќе бие најплатен играч на Челзи!

Откриени личните услови: Вернер ќе бие најплатен играч на Челзи!

Вернер ќе биде играч на Челзи по завршувањето на актуелната сезона во Бундес лигата и тоа беше потврдено од двата клуба, меѓутоа клубовите не ги објави финансиските детали од договорот на Германецот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубовите не објавија колку Вернер ќе заработува во Лондон, но „Билд“ успеа да дојде до таа информација.

Според овој реномиран германски медиум, Челзи воопшто не штедел на Вернер.

„Билд“ тврди дека напаѓачот во Челзи ќе има основна плата од 15.5 милиони евра по сезона или 270.000 фунти неделно и ќе биде најплатен играч на клубот. На сето тоа Вернер добил и премија за потпис на договорот од 11 милиони евра.

Исто така Челзи ја превземал обврската да ја подмири провизијата на агентот на голгетерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ го сакаат „чудото“ од Премиер лига за 100 милиони евра?

Бормут со оваа брзина може да стане крал на летниот трансфер период. Откако минатата годин…