Дома Фудбал Откриени детали од договорот: Платата на Дембеле во Барселона е изненадување

Откриени детали од договорот: Платата на Дембеле во Барселона е изненадување

Oсман Дембеле денес потпиша нов договор со Барселона.

После повеќемесечни преговори, Дембеле денес конечно стави потпис на продолжување на соработката со каталоснкиот гигант. Новиот договор има важност до 2024 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дембеле и претседателот на клубот Жоан Лапорта искажаа големо задовлство поради новиот договор.

„Се борев со повредите, но сега се чувствувам како дел од тимот и ќе продолжам да го бранам овој грб. Пресреќен сум поради нвоиот договор. Барселона е мојот клуб од соништата и ќе продолжам да давам се од себе“.

Задоволство искажа и Лапорта.

„Дембеле го обожавам и како играч и како личност. Тој е важен дел за клубот. Им благодарам на сите кои помогнаа овој договор да биде потпишан“, изјави Лапорта.

Иако во претходните денови се појави информација дека Дембеле се откажал од прилично голема сума за нов договор, тоа не е точно. Французинот ќе има поголема платао д претходно и тоа за дури пет милиони евра.

Тој во претходните години имаше плата од 12 милиони евра брута, односно околу шест милиони евра нето со дополнителни бонуси. Според новиот договор Дембеле ќе има нето плата од 11 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…