Дома Фудбал Останато Откриени детали: Како Лампард и Чех го „украдоа“ Вернер од „пред носот“ на Клоп

Откриени детали: Како Лампард и Чех го „украдоа“ Вернер од „пред носот“ на Клоп

Aко не се случи некој голем пресврт Тимо Вернер многу брзо ќе биде и официјално играч на Челзи. Од сите најголеми германски и англиски медиуми има потврда дека се е завршено, Челзи ќе ја активира откупната клазула.

Овој трансфер е изненадување затоа што Вернер констатно се поврзуваше со Ливерпул. Како Челзи и Лампард успеаа да го „украдат“ Вернер „пред носот“ на Клоп?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британски „Телеграф“ објави детали за трансферот кои до сега не беа познати во јавноста. Тие не се врзани за траењето на договорот (пет години) или плата (10 милиони евра годишно), туку како Лампард и Чех одиграле клучна улога.

Двајцата поранешни соиграчи и освојувачи на Лигата на шампионите отпатувале во Германија уште во декември за да разговараат со Вернер, неговото семејство и агентите. Целта била на Вернер да му се претстави проектот во кој тој би бил една од централните фигури. Самото доаѓање во Германија, посебно што Чех на течен германски му ги опишал сите детали бил импресивен за сите присутни. Вернер уште тогаш бил блиску до одлука да го избере Челзи, но кога се појави сериозниот интерес од Ливерпул се оставил дополнителен простор за разговори.

Клоп го сакаше Вернер за ротација во триото Салах-Мане-Фирмино, Клоп го контактирал последен пат пред околу еден месец. Се паднало во вода кога спортскиот директор на Ливерпул сфатил дека не се спремни да ја платат откупната клазула од 60 милиони која е активна до 15. јуни. Ливерпул така изгубил време во преговорите со Лајпциг за да ја намали цената. Вернер во меѓувреме донел одлука за трансфер во Челзи кој пак немал потреба да преговара со Лајпциг бидејќи биле решени да ја платат клазулата.

Челзи за разлика од Ливерпул е во подобра финансиска ситуација бидејќи во изминатата година потроши само 45 милиони евра, додека откупот на Хаким Зијеш ќе се случи на лето.

Изгледа дека Челзи полека гради тим кој со уште некое засилување може да се вмеша во борбата за врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…