Дома Топ вести Откриена откупната клаузула: Вернер може да замине за „ситница“

Откриена откупната клаузула: Вернер може да замине за „ситница“

Германските медиуми открија дека откупната клаузула на ѕвездата на Лајпциг е неверојатно ниска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот голгетер е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и многу европски гиганти го сакаат во своите редови.

До сега се тврдеше дека Вернер може да го напушти Лајпциг за 60 милиони евра доколку откупната клаузула биде активирана од крајот на месец април.

Денес германските медиуми откриваат дека Вернер е достапен за само 30 милиони евра плус евентуални бонуси.

Со оглед на фактот дека Германецот е на радарот на клубови како Ливерпул, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Челзи… јасно е дека неговата цена е „ситница“, па се очекува сигурно да направи трансфер ова лето.

Во последно време медиумите тврдат дека Ливерпул е во пол-позиција за неговиот потпис поради Јирген Клоп, а и самиот напаѓач потврди дека би бил среќен да се пресели на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…