Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович ќе настојува да добие барем 2,5 милијарди фунти од потенцијалниот купувач на клубот, тврди денешното издание на „Тајмс“.
Викендов се појавија информации дека рускиот олигарх планира да се раздели со лондонскиот клуб, но подоцна тие вести беа демантирани од претставници на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, угладниот „Тајмс“ е сигурен дека Абрамович е спремен да го продаде Челзи, доколку пристигне добра понуда. Во моментов тој не бара активно купувачи, но е спремен да седне на преговарачка маса.
Во мај Велика Британија наложи политички санкции за Русија, кое силно се одрази на руските граѓани во Англија. Тоа беше и причината да биде запрена планираната изградба на нов стадион, кој требаше да чини 500 милиони фунти.
Roman Abramovich ? pic.twitter.com/SseMGfL187
— The Blues (@TheBlues___) August 26, 2018