Дома Фудбал Англија Откриена доверлива информација: Познато каква ќе биде одлуката за Сити и настапот во ЛШ!

Откриена доверлива информација: Познато каква ќе биде одлуката за Сити и настапот во ЛШ!

Судот за спортска арбитража (ЦАС) утре би требало да донесе конечна одлука, но на „Етихад“ се опуштени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


УЕФА претходно одлучи да го исфрли Манчестер Сити од своите натпреварувања во наредните ве сезони поради кршење на финансискиот фер плеј, а од поранешниот шампион на Англија веднаш реагираа и соопштија дека нема основа за таква казна. Во Сити најавуваа дека со жалба таа одлука ќе се промени.

Сити на крајот испрати жалба до Судот за спортска арбитража, а сега пристигнуваат вести дека ЦАС ја прифатил жалбата на Сити и „граѓаните“ нема да сносат никакви санкции.

Значи, одлуката која ЦАС ќе ја потврди утре многу веројатно ќе оди во корист на Сити и тие во наредните две сезони ќе имаат право да играат во Лигата на шампионите. Ова не е добра вест за клубовите како Челзи и Манчестер Јунајтед кои се борат за четвртата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразил „гори“ поради последните информации за Нејмар

Бразил вечерва во 3. коло од Групата Ц ќе игра против Шкотска, и се чини дека Нејмар може …