Многумина беа изненадени што Џејми Варди не го шутираше одлучувачкиот, пети пенал против Колумбија во осмина финалето на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако е познат како одличен изведувач на најстрогата казна, која редовно ја изведува во Лестер, Варди не беше меѓу оние кои ги шутираа пеналите и тоа од причина што во петатта минута од продолжението заработил еден удар во препоната поради што своето место одлучил да го отстапи на друг.
На крајот, одговорноста ја превзеде Ерик Даер, кој одлично го изведе петиот пенал и ја однесе Англија во четвртфинале. Инаку, Џејми Варди во последните осум сезони изведе 15 пенали и 12 пати беше прецизен, а по синоќешниот натпревар примил инекција која ја ублажила болката и ќе биде подготвен за натпреварот против Шведска.