Дома Фудбал Останато ОТКРИВА МЕНДЕШ: Преговорите за трансфер на Роналдо започнале уште пред натпреварот во ЛШ!

ОТКРИВА МЕНДЕШ: Преговорите за трансфер на Роналдо започнале уште пред натпреварот во ЛШ!

ronaldo

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо изминатото лето на изненадување на многумина го напушти Реал Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во Јувентус.

Роналдо многу брзо се вклопи во редовите на „старата дама“ и покажа дека ќе биде големо засилување во походот кон Лигата на шампионите. Јувентус за еден од најдобрите играчи во светот издвои 100 милиони евра, а тешко дека постоеше некој кој го очекуваше овој трансфер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш за италијанските медиуми откри дека Португалецот уште во јануари оваа година изразил желба за трансфер во Јувентус. Роналдо тогаш на
Мендеш му соопштил дека сака да заигра во Јувентус, но било јасно дека ќе мора да го чека летото.

„Јуве е најзаслужен за ова бидејќи беа одлучни да го доведат. Тој уште во јануари му кажа дека сака трансфер во Јувентус. Мислев дека тоа е невозможно, но тоа не му го кажав никогаш. Со луѓето во Јувентус зборував уште пред натпреварот помеѓу овие два тима во Лигата на шампионите. Како што течеа разговорите сфаќав дека се е можно. Преговорите се водеа неколку месеци и се беше завршено како што се планираше“, откри Мендеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…