Дома Топ вести „AS“ открива: Доцна синоќа постигнат договор, во Барселона пристигнува „новиот Иниеста“

„AS“ открива: Доцна синоќа постигнат договор, во Барселона пристигнува „новиот Иниеста“

Управата на Барселона во финишот на јануарскиот трансфер период се обиде да го доведе играчот за врска на Гремио, Артур.

Сепак, договорот не беше постигнат, па Бразилецот остана во татковината. Многумина овој играч за врска го гледаат како идеална замена за Андреас Иниеста, кој би можел да го напушти „Камп Ноу“ на крајот на сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Шпанскиот „Аs“ ексклузивно јавува дека Барселона и Гремио синоќа постигнале конечен договор околу трансферот на Артур. Според нивните тврдења, лидерот на Примера за овој играч ќе плати 40 милиони евра, со што 24 милиони евра ќе му припаднат на Гремио (со олгед на тоа што клубот има 60% од правата на Артур), а останатите 16 милиони евра ќе ги добие неговиот агент, Целсо Рига. Артур во екипата на Барселона наводно би требало да се придружи во јануари 2019. година.

Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Барса на лето би можела да го доведе Артур и веднаш да го испрати во редовите на Милан на позајмица за да го навикне на европскиот фудбал. Проблемот е во тоа што Каталонците веќе имаат три играчи кои немаат пасош од Европската унија, додека Росонерите ги немаат тие проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…