Даглас Коста како големо засилување стигна во Јувентус пред три години, но не ги оправда очекувањата.
Бразилецот претходната сезона имаше проблеми со повредите, но натпреварите кои ги одигра не импресионираше. Коста со Јувентус има договор уште една година, но се чини дека неговите денови во Торино се избројани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе се пишува дека новиот тренер Андреа Пирло му порачал дека не смета на него и може да си бара нова средина. Овој 29-годишен играч според пишувањата на медиумите од Апенините кариерата би можел да ја продолжи во Англија.
Наводно, интерес за Коста покажува Манчестер Јунајтед кој и претходно се обиде да го донесе Бразилецот додека тој настапуваше за Шахтјор и Баерн. Црвените ѓаволи се веќе во контакт со Јувентус и преговараат околу цената.
Јувентус е подготвен да ја намали цената за Коста, односно да го пушти за околу 40 милиони евра. За Јунајтед не би требало да биде проблем да ја плати таа сума, но сигурно ќе се обиде дополнително да ја намали. Како што стојат работите, Коста веројатно од следната сезона ќе го гледаме во Премиер лигата.